(ФОТО) Само за богати: Во новиот клуб на Гвинет Палтроу

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Гвинет Палтроу планира да отвори нов клуб во Лос Анџелес, кој ќе биде достапен само за богатите членови од уметничката елита.f83486ee840e76794f44abf075ab52dc

Секоја ѕвезда која сака да има пристап до клубот, ќе треба да плаќа членарина од 2 илјади долари месечно.

Зградата во која ќе се наоѓа клубот, ќе е новоизградена и ќе располага со хелиодроми и базен на покривот, уметничка галерија, тераса за јадење на отворено, скрининг соби, спа, фитнес сала, неколку установи, еден јапонски и еден латино ресторан, комерцијални простори и продавници, како и паркинг за 220 автомобили.

Се очекува 9-катната зграда во западен Холивуд да биде изградена за 18 месеци и да ги отвори вратите за две години.

Новиот блескав проект ќе ја замени сегашната зграда “Hustler” во Холивуд, која беше во сопственост на магнатот од порно индустријата Лари Флинт.

43-годишната актерка ќе работи во соработка со Гери Ландсберг кој има таков клуб во Лондон, каде ги собира навистина богатите Англичани, како што минатата недела Симон Коен го слави својот роденден таму.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk