Актерката Бела Торн на својот Инстаграм профил гордо го покажа вереничкиот прстен. Многумина се изненадија кога го видоа нејзиниот вереник, со оглед на тоа што таа неодамна беше со друг маж.
Наместо пејачот Бенџамин Маскол, со кој претходно раскина, таа се вери за претприемачот Марк Емс, продуцент на серијалот на Нетфликс „Bad Vegan: Fame. Fraud. Fugitives“.
Бела го запознала Марк во 2022 година на роденденот на нејзината пријателка Кара Делевињ, а како што тогаш признала, тоа било љубов на прв поглед.