(Фото) Северина за чанта во облик на орев потрошила 1.000 евра!

од Весна Трајкова
45 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е позната по тоа дека ги обожава светските модни трендови и секогаш се труди да биде во чекор со нив.

Овој пат Северина претстави ново модно издание на социјалните мрежи, доминирајќи во монохроматска комбинација од неутрални тонови.

Стајлингот, кој претставува модерен минимализам, е базиран на светли крем нијанси и внимателно одбрани кроеви.

Северина искомбинира лелеави панталони со висок струк во комбинација со свилена блуза со дискретни детали од чипка. Целиот изглед е комплетиран со структуриран долг капут во идентичен тон, со што се постигнува визуелно издолжена и елегантна силуета.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Изборот на модни додатоци привлече посебно внимание на модната јавност. Клучното парче е уникатна чанта од брендот „JW Anderson“ во форма на орев, чија пазарна вредност се проценува на приближно 1.000 долари. Со овој металик златен модел, Северина ја комплетираше комбинацијата со впечатливи обетки.

Коментирајќи го својот изглед, Северина хумористично се осврна на симболиката на необичниот моден додаток, велејќи дека е подобро да се оди на состаноци со „орев“ за да се остави впечаток на солиден карактер.

„На состанок задолжително одете со орев, за да мислат дека сте тврд орев“, напиша пејачката.