ФОТО: Шакира предизвика расправа поради својот стајлинг на Вимблдон, многумина сметаат дека е непримерен

од Stefanija Kuzmanovska
2,9K прегледи

Познатата пејачка Шакира вчера присуствуваше на тенискиот меч меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Русинот Данило Медведев.

Тоа беше полуфинален меч, а Шакира привлече големо внимание со својот стајлинг.

Имено, пејачката се одлучила за тексас топ, раскопчана кошула и долгa сукња, а сè комплетирала со патики и мала бела чанта.

Шакира носеше и големи наочари, а ова нејзино издание предизвика општа дискусија на официјалната Инстаграм страница на Вимблдон.

Имено, додека некои мислат дека ваквиот стајлинг е несоодветен за ваков важен спортски настан, на други сепак им се допаѓа и го сметаат за „целосен погодок“.

Слични содржини