Том Харди ја симна сета облека за време на снимањето на својот нов филм “Taboo” минатата недела во Есекс, Англија.4d9eb818bf2b5c083efa873bb25e318b

38-годишниот актер остана само со тетоважите, додека снимаше сцени во кои требаше да се нурка во водата на едно езеро.

Харди, кој во моментов е номиниран за наградата “Оскар” за споредна машка улога во лентата со Леонардо ди Каприо “Враќањето”, покажа добро градено тело и сериозна маса од мускули, кои собраа доста фанови на социјалните мрежи.

Холивудскиот убавец се соблекувал и друг пат – во 2008 година тој се појави сосем гол во филмот “Бронсон”.

Фото: mirror.co.uk