(ФОТО) Велешанка веќе добила кривична пријава за лажен ТОЕФЛ тест од Пловдив, каде што тврди дека полагал и Христовски

од Илинка Илиоска
328 прегледи

Велешанка добила кривична пријава за лажен ТОЕФЛ тест од Пловдив, каде што сертификат добил и шефот на АНБ, Христовски

Жена од Велес во април оваа година заработила кривична пријава поради користење на лажен сертификат за познавање на англиски јазик, издаден од училиште за странски јазици од Пловдив во Бугарија.

М.В. станала директорка во општинска јавна установа за деца и иако знаела дека сертификатот за познавање на англиски јазик бил со невистинита содржина таа ја употребила при вработувањето.

Тоа што е интересно е што и новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски пријавил дека има ТОЕФЛ сертификат од училиште за странски јазици во Пловдив. За ова реагираше и опозициската СДСМ, која тврди дека во Пловдив не постои центар за тестирање за ТОЕФЛ.

„Останува отворено прашањето дали Христовски има виситински документ за познавање на Англиски јазик затоа што приложил Уверение од училиште во Пловдив – Бугарија, а во Пловдив воопшто нема TОEFL центар за тестирање“ реагираа од СДСМ.

Слични содржини