Кога 80-годишната Ливија од Хрватска ја замолила внука си – шминкерката Теа Флего, за освежување со шминка, едвај очекувала дека ќе се претвори во интернет сензација. Токму тоа сепак се случува, откако Теа ги објави сликите од трансформацијата онлајн.
Младата дама одлучи да му покаже на светот како професионално нанесн мејкап може да одземе 20 години од возраста, пишува BoredPanda. Покрај завидната вештини во нанесувањето на контури, таа демонстрира и блиската врска со својата баба.
Ливија веќе е познат во интернет просторот како Glam-Ma – игра на зборови со англиските glamorous (шармантен, гламурозна) и grandma (баба). Сликите собрале десетици илјади допаѓања на социјалните мрежи, а корисниците велат дека ниедна дама не е премногу стара за да се труди да изгледа добро.


