Кејт Винслет, Хелен Мирен и Никол Кидман се меѓу 15-те дами кои ќе го красат календарот на Pirelli за 2017 година. Овогодинешното издание убавите и голи модели ги заменува со “актерките, кои имаат постигнато успех”. 
Зад изработката на календарот повторно ќе застане германскиот фотограф Питер Линдберг, кој ги собира уште актерките Ума Турман, Џулијан Мур, Пенелопе Круз, Шарлот Рамплинг, Леа Сејду, Алиша Викандер, Робин Рајт, Лопита Нионго, Руни Мара, Џесика Частејн, Анастасија Игнатова и Џанг Дзји.
Линдберг работел над изданијата од 1996 година во Калифорнија (El Mirage Desert) и 2002 година во Лос Анџелес (Paramount Studio).
Славниот календар, кој се дава само како подарок за клиентите на марката се прави за прв пат од 1963 година. Издавањето е прекинато во 1974 година, но се враќа 10 години подоцна.

Линдберг ги правел сликите за новото издание во Лос Анџелес, Њујорк, Лондон и Берлин.