Во Нови Сад во организација на младинските организации СТАВ и Свиќе започна нов граѓански протест со барање одговорност за падот на настрешницата од железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.
#novisad blokada kod z stanice pic.twitter.com/F30HFj3vVS
— zarko bogosavljevic (@zarkobns) November 17, 2024
Со оглед на тоа што власта се уште не одговорила на поставените барања, за одговорност на трагедијата и бранење од слобода на уапсените по протестите во Нови Сад, од Став и Свиќе соопштија дека „продолжува постепеното зголемување на притисокот и барикадите“ со што протестот започна во 12 часот и за време на неговото времетраење до 18 часот блокирана е раскрсницата кај Железничката станица.
Novi Sad, ne odustajemo od protesta i blokada dok se odgovorni za zločin ne izvedu pred lice pravde. pic.twitter.com/WvZaYuuGLN
— Dejan Kulja (@dejankulja) November 17, 2024
Насобраните, околу 500 граѓани, ги прочитаа имињата на загинатите во несреќата и блокадата ја почнаа со едноминутно молчење. Беше развиен голем црн транспарент. На блокадата се бојадисуваше сликата на уплачен бел гулаб од уметникот Виктор Јан, на неколку пунктови граѓаните пишуваа писма до уапсените по претходните протести, а на една локација ги потопуваа рацете со црвена боја и оставаа „крвави отпечатоци“ како порака до надлежните дека рацете и се крвави и дека е одговорна за смртта на 14 лица.
Активистите ги повторија барањата за оставка на премиерот на Србија, Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и кривична одговорност за лицата кои директно учествувале во реконструкцијата на зградата на Железничката станица, како и објавување на сите договори кои биле прогласени за државна тајна. Обвинија дека обвинителството е соучесник во прикривањето на делото, бидејќи досега никој не е осомничен за трагедијата, ниту пак обвинителството покрена истрага.
-Очајни сме, затоа што се наоѓаме на гробница, а не ни дозволуваат да ги оплакуваме луѓето што загинаа овде. На децата што загинаа овде, затоа што не ни дозволуваат да зборуваме за тоа. Секој што ќе почне да зборува за тоа е заплашен и уапсен. Па дури и да бидеме уапсени сите, одговорните за тоа не трпат никакви последици. Ќе дозволиме ли да не убедат дека тоа е новата реалност? Затоа сме денес овде, порача актерката Јелена Ступљанин.
Novi Sad pic.twitter.com/VtGzoiSaeD
— Ivana (@IvRadoicic) November 15, 2024
Според последното соопштение на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на 13 ноември, досега се сослушани 66 лица, а тој ден беше најавено дека ќе бидат сослушани уште пет лица. Но, правните експерти посочија дека не се работи за сослушување потенцијални осомничени, туку за рутински разговори со граѓани кои можеби имаат информации за причините за трагедијата.
Оттаму додаваат дека се уште се работи за претистражна, а не за истражна постапка, што го потврдија и од обвинителството. Претходно обвинителството осум дена не се огласи за истрагата ниту одговараше на прашања на медиумите.