ФОТО: Во екот на гласините за развод, 30 години помладата сопруга на Венсан Касел лудо се забавува

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Францускиот актер Венсан Касел и моделот Тина Кунаки поминаа пет години во брак. Во изминатите неколку месеци се шпекулираше дека популарниот актер и неговата 30 години помлада сопруга се разведуваат, а потоа овие гласини ги потврди и Винсент.

Имено, тој од својот Инстаграм профил ги избриша сите фотографии на кои се гледа неговата сопруга Тина Кунаки.

Касел и Кунаки беа заедно пет години, а сопругата на славниот актер е успешен фотомодел.

И додека приказните за нивниот развод на големо кружат, три децении помладата манекенка ужива во ноќниот живот.

На социјалните мрежи Тина редовно споделува фотографии на кои позира во предизвикувачки изданија. Покрај тоа, манекенката редовно објавува детали од приватниот живот.

На нејзиниот профил може да се видат фотографии од забави, а Тина често ужива во друштво на згодни мажи.

Да потсетиме, Венсан Касел и Тина Кунаки се венчаа во 2018 година, две години откако јавноста дозна за нивната врска.

Слични содржини