(ФОТО) Во Зоолошката градина Скопје има бебе белоглав мршојадец

од Milan1
28 прегледи

Среќни сме што после три години повторно имаме бебе белоглав мршојадец, се вели во Фејсбук статусот на скопската зоолошка градина.

„Овој вид е трајно заштитен во нашата држава, како еден од најзагрозените, а неговата улога во природата е доста значајна. Мршојадците се всушност наши еко чувари. Тие се хранат со трупови на мртви животни и со тоа спречуваат ширење на зарази. Женките птици најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце, чија инкубација трае 48-53 дена. За продолжување на овој вид, се надеваме дека во скора иднина тоа ќе можеме да го правиме преку реинтродукција односно пуштање на млади единки во природа, со цел да спречиме истребување на белоглавите мрошојади на македонска територија каде што најчесто страдаат од човечки фактор со труење, хранејќи се со затруени животни од човечка рака. Искрено посакуваме што повеќе бебиња во домот на белоглавите мршојади во Скопје ЗОО“, истакнаа од Скопје ЗОО.

Слични содржини