(ФОТО) Застава за 21.век

од Vladimir Zorba
270 прегледи

Ласло Наѓ Перге отсекогаш бил вљубен во автомобилите, а неговата страст за нив датира од детството кога почнал да ги црта и дизајнира своите омилени автомобили.

Еден ден открил нови можности во графичката програма Procreate и почнал да експериментира со неа. Еден од неговите омилени автомобили, Југо, го инспирирал да го пресоздаде во модерна верзија. Обликот и деталите го пленија толку многу што едноставно не можел да престане да работи додека не дојде до крајниот резултат.

Овој цртеж го сподели на TikTok, Facebook и Instagram и беше неверојатно кога 700.000 луѓе реагираа на редизајнот на Југо-то за само неколку дена. Овој позитивен фидбек го инспирираше да продолжи со својата работа.

Оттогаш тој постојано работи на редизајн на старите автомобили на Застава. Прво на ред дојде Застава 101. Потоа Застава 750.

А потоа комбето Застава 850.

Моментално работи на редизајн на Застава 1300/1500 и има многу идеи за други модели кои планира да ги збогати со изглед на 21 век.

Зад цртежите на автомобилот стои неговата страст за дизајн. Неговите планови не се само цртежи, туку вистински уметнички дела кои го оживуваат минатото. Се надеваме дека ќе продолжиме да уживаме во неговата работа и да го видиме како ги оживува легендите на Застава автомобили.

Слични содржини