ФОТО: Завршено снимањето на новиот „Џокер“, објавено кога ќе биде премиерата

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Доцна синоќа во Њујорк заврши снимањето на вториот дел од филмот „Џокер“ со Хоакин Феникс и Лејди Гага во главните улоги. Премиерата на филмот ќе биде во октомври 2024 година.

„Го чекаме како престапна година“ е најдобриот начин да се опише неверојатно големата празнина помеѓу крајот на снимањето и почетокот на неговото прикажување. Фановите кои сакаат да го видат вториот дел од Џокер ќе мора да чекаат уште 16 месеци од сега.

Тод Филипс, продуцентот на филмот, на својот Инстаграм ја сподели возбудливата вест за крајот на снимањето.

„Тоа е крајот. Им благодарение на овие двајца (+ целата актерска екипа) и најдобрата екипа што ја нуди филмската индустрија. Од врвот до дното. Сега ќе заминам во пештерата (собата за монтажа) и сето тоа ќе го составам“, на шега напиша тој.

Актерите во прашање беа Феникс и Лејди Гага, која ќе дебитира како Харли Квин во продолжението.

Слични содржини