Фотографијата на познатата убавица која го сруши интернетот во 2022 година

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

2022 година беше многу возбудлива кога станува збор за личните животи на познатите личности. Од најавите за бременост и пораѓај до радосни прослави, омилените ѕвезди не се срамат да ги споделат своите големи семејни моменти со своите милиони обожаватели.

Сепак една фотографија се издвојува во се, т.е. серија фотографии, објавени од актерката Блејк Лајвли.

Убавата актерка го очекува четвртото дете со својот колега Рајан Рејнолдс. Наместо мирно да ужива во бременоста, таа секојдневно се соочува со папараците кои чекаат пред нејзината куќа сакајќи да ја фотографираат неа и нејзините деца, а од кои, како што навела, нема мир.

Поради овој притисок, а и во желбата да го одвлече вниманието на папараците, таа решила да објави серија слики на кои се гледа нејзиниот труднички стомак. Таа објасни дека ги споделува оние слики кои ја покажуваат во бременоста за да не мора фотографите да ја бркаат и да ја остават на мира.

„Еве фотографии од мене бремена во реалниот живот за да можат 11-те момци кои чекаат надвор пред мојата куќа да ги видат и да ме остават на мира. Ме плашите мене и моите деца. Им благодарам на сите останати за љубовта и почитта“, напиша Блејк во објавата со фотографиите, која привлече големо внимание.

Така, нејзината објава беше меѓу најпопуларните во 2022 година, со милиони лајкови и коментари, пишува brightside.

Слични содржини