Службеници за заштита на правата на животните спасија четвороножци, од кои повеќето никогаш не излегувале на улица
Службеници на локално друштво за заштита на правата на животните, влегле во домот на семејство од градот Хауел, Њу Џерси, каде пронашле ни повеќе ни помалку туку 276 кучиња, објави USA Today.

Големи кучиња и кученца од различни раси, вклучувајќи мопс, Чивава и јоркширски териер, требало да бидат отстранети од фиоки, од полици за книги. Според полицискиот портпарол Рос Лајситри, повеќето од животните никогаш не излегувале на улица.

Газдите Шарлин и Џозеф Хендрикс велат дека пред околу три години зеле осум кучиња, кои подоцна се размножувале неконтролирано. Состојбата на повеќето кучиња не предизвикувале загриженост. Некои веднаш добиле прва помош. Во куќата немало ниту едно мртво куче, инаку Хендрикс би претрпел тешка казна, според законот.
Пристигнатите во домот ветеринари вакцинирале 80 кучиња, по што им снемало вакцини. По што кучињата биле одведени во ветеринарната клиника за испитување и обезбедување на потребната помош.
