Фотографии од хрватски ватерполист и Јокиќ го полудеа регионот: „Доказ дека чварките, сланината, ракијата и пивото се предуслов за успех“

од Vladimir Zorba
6,3K прегледи

За време на Олимписките игри, социјалните мрежи беа преполни со фотографии и видеа кои станаа вирални. По фотографија од хрватската ватерполо репрезентација и коментари за изгледот на спортистите кои не се во очекуваната атлетска форма, објавен е колаж на кој се кошаркарот Никола Јокиќ и хрватскиот репрезентативец Јосип Врлиќ.

Хрватската ватерполо репрезентација на Твитер го доби епитетот „елитна атлетска извонредност“. Коментарот се однесуваше пред се на нивниот физички изглед. Додека мнозинството се навикнати на врвна физичка подготвеност на учесниците на Олимписките игри, дел од хрватските ватерполо репрезентативци отстапуваат од очекуваниот спортски изглед.

„Тие мора да консумираат ненормална количина на калории. Ватерполото е брутален спорт“, „Можете да кажете што сакате, за мене ова е врв на формата“, „Чекај, како изгледа остатокот од тимот, тоа ме интересира“, „Совршено“ , „Совршено машко тело“, „Изгледаат на Крис Прат пред кога почна да ги снима филмовите на Марвел“, „Претставувањето на телото е важно, дури и во спортот“, „Ова е мој тип“, „Горд сум што сум Хрват. Ние лебдиме“, се само дел од многуте коментари под фотографијата.

А потоа беше направен колаж од две фотографии со Јосип Врлиќ и кошаркарот Никола Јокиќ со коментар: „Победата на овие игри е да знаеш дека сум граден како олимпиец“.

Еден од коментарите гласи дека „чварките, сланината, ракијата и пивото се предуслов за големи достигнувања“.

Можеби претходните години на социјалните мрежи беа популарни фотографии од мажи во топ форма, но времињата се сменија.

Слични содржини