ФОТОГРАФИИ од Мадона без фотошоп го обиколија светот, фановите шокирани од нејзиниот изглед

од Stefanija Kuzmanovska
540 прегледи

Кралицата на поп музиката предизвика бројни спротиставени реакции со естетските корекции на кои се подложила.

Мадона е активна на социјалните мрежи, а на својот Инстаграм често објавува фотографии кои се модифицирани во Фотошоп и поминати низ бројни филтри.

Пејачката сега се појави пред хотел во Манчестер во лежерно издание, а нејзините обожаватели имаа можност да видат како поп иконата изгледа надвор од сцената и без дополнително разубавување.

Ова беше едно од ретките јавни појавувања на Мадона откако поради здравјето заврши во болница.

Сепак, она што на многумина им падна во очи е лицето на Мадона, иако пејачката се обиде да го сокрие со големи црни очила за сонце и качулка.

Резултатите од естетската хирургија и затегнување се очигледни, па многумина останаа шокирани од тоа како всушност изгледа пејачката.

„Што ѝ се случи?“, „Нејзините усни и лице изгледаат болно“, „Таа е целосно изобличена“, „Мило ми е што е подобра, но овие фотографии ме растажуваат“, се само дел од коментарите.

Слични содржини