Актерот Кијану Ривс повторно успеа да ја изненади јавноста со своето опуштено издание. Кијану седел пред клуб пред концертот со својот бенд Догстар, со кој моментално е на турнеја, а со оглед на тоа дека пуштил брада и носел облека која на никаков начин не оставала впечаток дека е светски познат актер, со милиони на неговата сметка, многумина мислеле дека е бездомник.
Фотографиите со голема брзина го обиколија светот, а неговата голема армија обожаватели веднаш застана во одбрана на актерот, велејќи дека скромноста е негова најголема доблест, како и дека тоа е неговиот начин на живот.
Познато е дека на актерот не му се битни парите, брендираната облека и скапите автомобили, па не е невообичаено многумина да го фатат како всушност седи покрај бездомници со кои јаде и пие и прави муабет.
Актерот донирал дури 70% од својот хонорар од првиот филм „Матрикс“ за финансирање на истражувањата на леукемијата, откако неговата сестра Ким 10 години се борела со оваа злобна болест.
Исто така, познатиот актер оттогаш оформил добротворна организација за да им помогне на оние кои се борат со ракот.
Имам приватна фондација која постои пет-шест години и помага на неколку детски болници и истражување на ракот. Не сакам да го поврзувам моето име, само ѝ дозволувам на фондацијата да го прави тоа што го прави и да им помогне на оние на кои им е потребно, изјавил претходно Ривс за „Ladies Home Journal“.
Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia