Воените официјални лица на Велика Британија се обвинети за заземање важен простор во авионите за евакуација од Авганистан, откако во еден од нив е снимен автомобил.
Фотографиите, кои се проширија на социјалните мрежи, прикажуваат автомобил „Тојота“ опкружен со војници и евакуирани луѓе, додека авионот се подготвува да полета од аеродромот во Кабул.
Ministry of Defence sabotaging Pen Farthing people & animal rescue mission from Kabul whilst is airlifts back cars on empty cargo planes I have no words to explain anger over this National Disgrace @BorisJohnson @ZacGoldsmith @pritipatel @DominicRaab @PenFarthing @Nowzad pic.twitter.com/cbWwZBgf3s
— dominic dyer (@domdyer70) August 24, 2021
Фотографијата е објавена поради стравувањата дека САД нема да го продолжат рокот за евакуација, кој истекува на 31 август, што доведе до загриженост дека некои луѓе ќе бидат оставени во Авганистан.
Британските власти рекоа дека евакуацијата на луѓето ќе биде приоритет, поради што фотографијата на „Тојота“ предизвика гнев, пренесува Индипендент.
Anyone else find it strange the USA can evacuate 16,000 people in 24hrs, but UK's best day so far is just 2,000? There are only 2 streams into the military side of Kabul airport, UK & USA.
UK has 8 C17s, same planes USA is using.
Its a 3hr flight to Doha (where they're staging) https://t.co/HVu7Fv4vbg— Bryan Smith #RejoinEU (@BpsmithUk) August 24, 2021
Британија досега евакуираше повеќе од 8.000 луѓе од Авганистан во изминатите 10 дена, вклучително и повеќе од 2.000 луѓе за 24 часа.
Сепак, постои страв дека не секој што сака ќе биде евакуиран до крајниот рок до 31 август.