За време на викендот на „Редит“ се појави необработена фотографија од Клои Кардашијан, која брзо исчезна од сите можни мрежи. Сепак, тоа не се случи пред многумина да направат „скриншот“. Тимот кој работи за Клои се погрижи фотографијата да биде брзо отстранета, затоа што покажува како навистина изгледа нејзиното тело. Патем, изгледа одлично и сосема природно.
На спорната фотографија се гледа како Клои (36) стои покрај базенот во бикини со леопард принт. Нејзината кожа не е совршено измазнета, на нејзиното тело може да се забележат помали неправилности, но во целина изгледа одлично.
Сепак, Клои се чини дека не прифаќа ништо помалку од недостижно, лажно совршенство.
Изгледа е фотографирана во пустинскиот комплекс на Крис Џенер во Калифорнија, каде славното семејство престојуваше за Велигденскиот викенд.
Додека повеќето жени веројатно би биле горди што изгледаат толку добро во бикини, Клои дава се од себе да го зачува својот имиџ на Инстаграм.
Линијата на половината, сепак, изгледа помалку дефинирана, облините се помалку драматични, а кожата не е толку мазна како на внимателно фотошопираните фотографии што таа вообичаено ги објавува. Затоа, фотографијата брзо исчезна од „Редит“, каде што за прв пат беше објавена, но се прошири на Инстаграм и Твитер. Корисниците создадоа нова тема во која откриваат дека им се заканувале тужби за објавување на фотографијата.
ПР тимот на семејството Кардашијан за „Пејџ Сикс“ изјави дека фотографијата не е избришана затоа што не е обработена, туку затоа што станува збор за приватна фотографија објавена без дозвола. И покрај напорите на тимот да ја отстрани фотографијата што е можно побрзо, коментарите на „Редит“ беа главно позитивни.
„Ова е единствената слика каде таа навистина изгледа природно и убаво со своите маани, и сака таа да исчезне од Интернет?“, се прашува една личност.
Очигледно, Клои одигра погрешно – наместо да ја искористи моќта на движењето „body positive“ и да објави фотографија без филтер, сепак се чини дека не сакаше да го види ниту најмалиот недостаток што го има, што дополнително и го уништи угледот.
На овој начин, таа останува дел од проблемот – затоа што е една од оние кои на жените им наметнуваат нереални очекувања и ја уништуваат нивната самодоверба, правејќи ги да се чувствуваат лошо за нивното лице и тело.