Фотографијата го чинеше живот: Маж направи селфи, падна од карпа и почина

од Берта Китинска

Андреа Мацето минатата сабота, 20 август, отиде на планинарење со својата партнерка Сара Браганте во Роцо, Италија.

Во еден момент застанале да се фотографираат, но потоа на 30-годишникот му паднал мобилниот телефон и тргнал по него да го земе. Се лизнал и паднал во бездна.

Полицијата потврдила дека Андреа изгубил рамнотежа и паднал од работ на карпата, во бездна длабока 200 метри.

Спасувачките служби набрзо пристигнале на местото на настанот, со два хеликоптери и тим пожарникари, но кога го пронашле Мазета, тој веќе бил мртов, пишуваат локалните медиуми.

По неговата смрт, Сара ја споделила нивната последна фотографија на Инстаграм: „Нашата проклета последна заедничка фотографија. Секогаш ќе бидеш со мене, моето мало мече“.

Слични содржини