Бринетите, а не русокосите се “најпривлечните” жени, покажа новото истражување меѓу Британци од двата пола, извршено со помош на полициски фоторобот.
Идеалниот е маж е сини очи, жената – со кафени очи, а актерката Натали Портман и моделот Дејвид Ганди се ѕвездите кои се приближуваат најмногу до овие претстави, пишува британскиот печат.
Виртуелните слики се создадени од страна на софтверот EFIT-V PhotoFit врз основа на студија за најатрактивните човечки карактеристики – очи, коса, веѓи, нос, уста, форма, геометрија и пропорции на лицето, наведени од 200 луѓе. Тоа е дел од промотивната кампања за нов smartphone на “Самсунг” и може да се каже “рецепт” за убавината со точност до милиметри. Тоа се британските претстави, нагласува шефот на истражувањето Крис Соломон од Универзитетот во Кент, кој сепак смета дека тоа се интересни резултати.

Така на пример, според мажите идеалниот маж е русокосиот и “маженствен”, со погруба коскена структура – спротивно на женските претстави. Жените пак оддаваат поголемо значење на полните усни, јагодички и големите очи од мажите, кога станува збор за нивниот сексапил.
Најпривлечната жена во машките очи сепак е русокоса, но со фин изглед.