Моделот Бела Адид го разгоре црвениот тепих на филмскиот фестивал во Кан. 19-годишната бринета се појави на премиерата на Unknown Girl, облечена во црвен фустан со огромен шлиц и смело деколте кои оставаа малку на имагинацијата. Фустанот, дело на Alexandre Vauthier, не е прв ваков предизвик на црвениот тепих. Британската пејачка и актерка Рита Ора го украде вниманието на видеонаградите на MTV во 2014 година со секси тоалета, една идеја “повеќе скромна” од онаа на Бела.Бела Адид е помалата сестра на моделот и ангел на Victoria’s Secret Џиџи Адид.
По премиерата на Unknown Girl сите веќе го знаат името и на малата сестра малата Адид. Смело може да се каже дека Бела носеше најсекси фустан на црвениот тепих во Кан до овој момент, пишува Harper’s Bazaar.

