(ФОТО/ВИДЕО) Овој 1 тон хероин требало да биде “изеден” од Европа

од desk3
61 прегледи

Повеќе од тон хероин, кој чини колосална сума од околу 233 милиони долари, беше фатен во Индискиот Океан во големата акција, предводена од британските поморски сили. На нишан на операцијата “Ширикишо” биле рибарски чамци по источното африканско крајбрежје, пишува “Дејли Меил” .Илјадниците пакети хероин биле наменети за Европа. Во операцијата се вклучиле чамци и хеликоптери, потпомогнати од француските и австралиските поморски сили.

1465121394-har
Откако нелегалната стока била откриена, таа била натоварена на борбен брод, каде што се снимени и распространети во медиумите . Командантот на здружените сили командант Гај Робинсон објасни: “Тоа беше една многу успешна операција, која прекина огромно количество хероин да стигне до Европа. Таа исто така е и одличен пример за импресивната соработка меѓу земјите-учеснички во небото, во морето и на копното. Ќе продолжиме да се бориме со оваа закана секогаш и секаде кога можеме “.

1465121394-haer2

Првиот “улов” дошол по 8-часовна потрага – 380 килограми хероин, распределени во пакети. По 12 часа истиот тим фатил други 512 килограми дрога. По неколку дена француски брод, кој патролирал крај брегот на источна Африка, испратил тим да претресе друг брод на кој имало 130 кг.

1465121394-har3