Франческа Албанезе: Израел изврши геноцид, треба да му се воведе ембарго на оружјето

Претходно во февруари, Израел забрани да ѝ се издаде виза на Албанците откако таа рече дека масакрот на израелските цивили на 7 октомвришто всушност беше причината за војната во Појасот Газа, не е чин на антисемитизам.

од Бети Божиноска
242 прегледи

Специјалниот известувач на ОН за човекови права на палестинските територии, Франческа Албанезе, оцени во својот извештај што ќе го поднесе денеска дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа и дека треба да му се воведе ембарго на оружјето, пишува „Гардијан“.

Извештајот во кој „Гардијан“ имал увид треба да му биде доставен на Советот за човекови права во ОН.

Албанезе, италијанска адвокатка и експерт за човекови права, во извештајот посочува дека постојат „разумни основи“ да се верува оти Израел извршил три од петте дела дефинирани како геноцид: убивање Палестинци, предизвикување сериозна физичка или психолошка повреда и намерно создавање услови за живот пресметани да доведат до целосно или делумно физичко уништување на таа популација.

„Масовната природа и обемот на израелскиот напад врз Појасот Газа и деструктивните услови за живот што ги наметна откриваат намера за физичко уништување на Палестинците како група“, се наведува во извештајот на Албанезе.

Претходно во февруари, Израел забрани да ѝ се издаде виза на Албанците откако таа рече дека масакрот на израелските цивили на 7 октомври, што всушност беше причината за војната во Појасот Газа, не е чин на антисемитизам.

„Жртвите на 7 октомври не беа убиени поради припадност на еврејската вера туку како одговор на израелското угнетување“, напиша Албанезе на социјалната мрежа „Х“ на 10 февруари.

Дипломатската мисија на Израел во Женева соопшти дека земјата „целосно го отфрла извештајот“ на Албанезе и го опиша како „продолжување на кампањата чија цел е да ја поткопа самата еврејска држава“.

„Војната на Израел е против Хамас, а не против палестинските цивили“, се вели во соопштението, критикувајќи ги ‘безобразните обвинувања’ на Албанезе.

„Гардијан“ потсетува дека Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг во моментов го разгледува случајот покренат од Јужна Африка врз основа на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.

Судот во јануари наложи ‘привремени мерки’ со цел да се ограничи ризикот од геноцид додека се разгледува пресудата, повика на акција против израелските политичари кои користат геноцидна реторика и побара испрачање повеќе хуманитарна помош.

Во извештајот на Албанезе се наведува дека Израел се обидел да го прикрие своето „елиминациско водење на непријателството“ така што го маскира со јазикот на меѓународното хуманитарно право и ги означува граѓаните на Газа во целина како ‘терористи’ или како ‘оние што ги поддржуваат терористите’.

Употребата на таков јазик, се наведува во извештајот, трансформираше „се и секого во мета или во колатерална штета, што значи дека можат да бидат убиени или уништени.“

Во извештајот, исто така, се препорачува државите-членки на ОН „веднаш да воведат ембарго на оружјето за Израел зашто се чини дека не ги испочитувал обврзувачките мерки што му ги наложи Меѓународниот суд на правдата.“

Слични содржини