Франческо Тоти се разведува по 17 години брак

од Stefanija Kuzmanovska
333 прегледи

Франческо Тоти (45) и Илари Блази (41) се разведуваат по 17 години брак! Познатиот италијански фудбалер и познатата ТВ водителка и официјално потврдија дека повеќе не се заедно, но дека на јавноста нема да ѝ ја откријат причината поради која решиле да се разделат!

Легендарниот капитен на Рома и атрактивната русокоса врската ја започнаа пред 20 години, а се венчаа во 2005. Имаат три деца, синот Кристијан (17) и ќерките Шанел (15) и Изабел (6). Тие важеа за еден од најпопуларните и најхармонични парови во спортско-забавниот свет, а медиумите често ги нарекуваа „италијанските Бекамови“.

– Мојот брак со Франческо заврши. Процесот на разделба ќе остане приватна работа и нема да давам дополнителни изјави за тоа. Ги молам сите да избегнуваат шпекулации и да ја почитуваат приватноста на моето семејство – изјави Блази.

Слични содржини