Министерството за надворешни работи на Франција ги повика своите сограѓани веднаш да ја напуштат Белорусија, се вели во соопштението од француското МНР.
Според извештаите, поради настаните во Украина и затворањето на белорускиот воздушен простор, министерството за надворешни работи на Франција советува да не се патува во Белорусија.
На Французите кои веќе се во Белорусија им се советува веднаш да ја напуштат земјата со копнен транспорт преку границите со Литванија, Полска или Латвија, а оние кои пристигнале во Белорусија со авион ќе мора да добијат излезна виза од министерството за внатрешни работи на Белорусија.