„Франција освојува“: Дрејк уплати милион долари на победа на Аргентина (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
222 прегледи

Ултра популарниот музички продуцент и рапер Дрејк фрли во очај милиони Аргентинци откако објави дека ставил милион долари и се обложил на Аргентина.

Дрејк на своите друштвени мрежи сподели скриншот од електронската потврда од една обложувалница, на која се гледа дека уплатил милион долари обложувајќи се дека Лео Меси и Аргентина ќе го освојат Светското првенство во Катар.

Аргентинците можеби ќе му бидат благодарни на светски познатиот музичар, но има еден проблем. Дрејк, според многу љубители на спортот, е проколнат.

Канаѓанецот во изминатите месеци и години си создаде репутација на „баксуз“, бидејќи во тој период им донесе пех на сите што ги поддржуваше.

Како главни аргументи навивачите го користат примерот на Серхио Агуеро, кој со својот Манчестер Сити беше поразен во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем во 2019 година, откако Дрејк објави селфи со аргентинската суперѕвезда.

Друг пример е боксерот Ентони Џошуа, кој беше изненадувачки поразен од Енди Руиз Јуниор откако направи селфи со Дрејк.

Канадскиот рапер се обложил и дека Шарл Леклерк ќе победи на шпанското ГП во Формула 1, но моторот му откажал на средината на трката.

Поради ова, бројни корисници на социјалните мрежи веќе и честитаа на француската репрезентација за освојувањето на Светското првенство.

Финалето меѓу Аргентина и Франција се игра денеска со почеток од 16 часот.

Слични содржини