198
Во Франција за новогодишната ноќ ќе бидат распоредени 90.000 полицајци поради засилени безбедносни мерки, изјави шефицата на разузнавачката служба Селин Бертон.
Од нив, 6.000 ќе бидат во Париз, каде, според францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, се очекуваат над 1,5 милиони луѓе на Шанзелизе.
Дарманин на прес-конференцијата рече дека постои „многу висока терористичка закана“ делумно поради она што „се случува во Израел и Палестина“.
Тој додаде дека полицијата за прв пат ќе може да користи беспилотни летала за безбедносни цели и дека ќе бидат вработени десетици илјади пожарникари и 5.000 војници.
Во фокусот на новогодишната ноќ во Париз ќе бидат Олимписките игри кои ќе се одржат во тој град следната година.