Германија и Франција имаат склучено договор за забрзана интеграција во еврозоната без отворање на договорите за ЕУ, соопшти британското издание Guardian.
Предлогот за потесна политичка унија меѓу земјите членки од монетарната унија ќе биде ставено на претстојниот Европски совет во Брисел следниот месец. Истовремено на средбата британскиот премиер Дејвид Камерон, исто така ќе ги претстави своите барања против останувањето на Британија во ЕУ.
Според францускиот “Монд” француско-германските планови повикуваат на реформи во еврозоната во четири области, “кои ќе бидат применети во рамката на тековните договори во наредните години”.
Дејвид Камерон во неколку наврати повика на повторно отворање на договорите кои ќе дозволат на еврозоната да се интегрира, обезбедување за Велика Британија шанса да го промени односот помеѓу Лондон и ЕУ и да ги врати назад овластувањата од Брисел.
Ако иницијативата на Франсоа Оланд и Ангела Меркел биде поддржана на советот, тогаш можноста за Камерон да ги постигне своите цели ќе биде елиминирана.
Француско-германскиот пакт беше финализиран во последната недела.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер во моментов ги подготвува можните политички опции за самитот во јуни за тоа како да биде интегрирана еврозоната фискално и политички. Идеите на Берлин и Париз најверојатно ќе ја воспостават линијата на акција, а во документот се зборува за економска, фискална и социјална конвергенција која ја комбинира германската монетарна дисциплина со францускиот стремеж кон повеќе инвестиции.
“Дополнителни чекори се потребни за да се истражува политичката и институционалната рамка, општите инструменти и правната база” до крајот на следната година, се наведува уште во документот.
