Франција испраќа воен брод во Газа за хуманитарна поддршка на тамошните болници

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Францускиот воен брод „Тонер“ денеска се упати кон источниот Медитеран за да им даде поддршка на болниците во Појасот Газа, кои се обидуваат да се справат со големиот број жртви од израелските воздушни напади, пред се поради тоа што им снемува гориво и медицински материјали.

Претседателот Емануел Макрон рече дека испраќа носач на хеликоптери да им помогне на жителите на Газа да добијат лекови и неопходна нега, објави Ројтерс.

Француското Министерство за одбрана денеска изјави дека 199-метарскиот воен брод треба да се користи за хуманитарна поддршка, но не е веднаш јасно дали тоа значи испорака на медицински материјали за Појасот Газа или лекување на ранетите Палестинци на бродот.

Слични содржини