Франција oрганизираше светско првенство со сирења

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Светски натпревар, без македонско учество, се одржа во Франција, и му ја донесе на француски Јапонец светската награда за најдобар сиренар.slide-01

Второто издание на натпреварот во Тур (Tours), централниот дел на Франција, го освои 31-годишниот Фабио Дегуле, кој живее и работи во Јапонија. Неговите родители тргуваат со млечни производи, а Фабио, воодушевен од Јапонија, добива диплома од ИНАЛКО (Национален институт за источни јазици и цивилизации), пред да се пресели да живее во Јапонија.slide-05

Тој беше избран меѓу десетина кандидати, дојдени од Јапонија, САД, Белгија и, за првпат, од Кина и Израел.

Второто место го доби друг роден во Франција – Гијом Кардине – а на третата позиција беше Белгијката Натали Ванавер.concours-fromager-01

Во неделата изутрина 12-те сиренари застанаа еден против друг во трката по теорија. Потоа околу пладне тие ги нападнаа практичните задачи и уметничкиот дел на трката: комбинирање на вкусови, ткаенината со сирења, дегустации и презентација …

На крајот беше “Уметноста со сирење” – создавање на уметничко дело на еден квадратен метар површина, покриена, се разбира, само со сирење.

За конкурсот за подготовка и готвење со сирења кандидатите добија претходниот ден мала сума, за да испазаруват производи на домашниот пазар.slide-04

АФП објави дека учесниците се оценувани од меѓународно жири. Спектаклот со сирење бил воден од Јапонката Мијоки Муразе која ја добива наградата во 2013 година, и од Родолфо ле Мјуние (Rodolphe Le Meunier), носител на титула за најдобар сиренар од 2007 година. Тој е и еден од иницијаторите на овој Мундијал.