Франција сака пауза во проширувањето на НАТО

од desk3
90 прегледи

Францускиот претседател Франсоа Оланд се прогласи за привремено спречување на проширувањето на НАТО, тврди весникот “Фигаро”.

nato-620x264

Тој тоа го кажал на прес-конференција со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во Париз.

Според зборовите на францускиот шеф на државата во моментов НАТО треба да даде пауза по приемот на земјите кои аплицираат за членство во пактот.

Тој додаде дека проширувањето во моментов не е на дневен ред.