Франција се подготвува за нов топлотен бран

од Stefanija Kuzmanovska
246 прегледи

Голем дел од територијата на Франција се подготвува за топлотен бран со исклучителен интензитет за овој период, со температури кои би можеле да надминат 40 степени во наредните денови на југоисточниот дел на земјата.

Националната метеоролошка служба „Метео-Франс“ денеска објави портокалова фаза за топло време во 19 француски департмани. Зоната се протега од југозапад до североисточна Франција, како и до Алпите.

„Викендов екстремните жештини ќе се засилат, особено во јужната половина на земјата. Ќе бидат долготрајни и интензивни, а од недела натаму на југоисток со температури понекогаш и над 40 степени“, се вели во објавениот билтен на „Метео-Франс“ денеска.

Овој нов топлотен бран „ветува дека ќе биде најтопол ова лето“, соопшти метеоролошката служба.

Слични содржини