5
Министерката за здравство Катрин Вотрен истакна дека „тутунот мора да исчезне од местата каде што има деца“ и нагласи дека секој има право на чист воздух. Казната за прекршување на забраната изнесува 135 евра.
Одредбата не важи за терасите на кафулињата, кои остануваат исклучени од ограничувањето. Според статистиките, во Франција секоја година умираат околу 75.000 луѓе поради болести поврзани со тутунот.
Анкетите покажуваат дека над 60% од Французите ја поддржуваат оваа мерка.