Француската премиерка поднесе оставка

од Nikola Popovski

Француската премиерка Елизабет Борн поднесе оставка, која беше прифатена од претседателот Емануел Макрон, соопштија од неговиот кабинет. Макрон не одредил кој ќе ја наследи Борн на премиерската позиција.

Промената на претседателското столче во француската влада доаѓа по една година одбележана со политичка криза во земјата, поради спорната реформа на пензискиот систем и законот за имиграција.

Емануел Макрон ѝ се заблагодарил на поранешната премиерка на социјалната мрежа Х.

Борн ја презеде функцијата во мај 2022 година, откако Макрон беше избран за претседател по втор пат. Таа беше втората жена-премиер во историјата на Франција.

Борн ќе продолжи да се занимава со тековните прашања додека не се избере нова влада.

Во Франција, анкетите покажуваат дека партијата на Макрон заостанува зад лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен за околу осум до 10 поени пред гласањето во јуни.

Слични содржини