Француската автомобилска индустрија треба да ја зголеми четирикратно продажбата на електрични автомобили до 2027 година, според стратешкиот договор на владата.
Автомобилските компании треба да произведат два милиони хибридни или електрични возила до крајот на деценијата, одлучи претседателот Емануел Макрон, и покрај жестоката конкуренција од Кина.
Новиот среднорочен договор предвидува до 2027 година производството да достигне 800.000 возила, наспроти 200.000 во 2022 година, се вели во соопштението на Министерството за финансии.
Договорот со Владата предвидува продажба на 100 илјади електрични лесни комерцијални возила до 2027 година, наспроти само 16.500 во 2022 година.
Француските производители се обидуваат да ја стигнат кинеската конкуренција, која благодарение на брзата реакција зграпчи значителен дел од пазарниот колач. Заостатокот беше намален благодарение на промените во владините бонуси за купувачите на автомобили од европско производство, забележува Ројтерс.
Електричните автомобили сочинуваат речиси 20 отсто од продажбата во Франција, но само 12 отсто од нив доаѓаат од домашно производство.