Француски медиуми: Renault ќе произведува дронови во Украина

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Францускиот министер за одбрана, Себастијан Ле Корнеј изјави дека голем француски производител на автомобили наскоро ќе склучaт партнерство со Киев за производство на дронови на украинска почва, но името на компанијата не беше откриено, додека јавниот сервис „Франс Инфо“ објави дека станува збор за Renault.

„Дроновите во Украина ќе ги произведува Renault, кој ќе ги здружи силите со француските компании во дигиталниот сектор за таа цел“, објави Франс Инфо.

Renault не ги негираше овие информации, но сè уште не коментираше за нив, објави Фигаро.

Слични содржини