Француски налог за апсење на Асад за соучесништво во воени злосторства

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Француските истражители издадоа налог за апсење на соборениот сириски лидер Башар ал-Асад за наводно соучесништво во воени злосторства, особено за намерен напад врз цивили, изјави правен извор за Ројтерс.

Потерницата беше издадена на 20 јануари како дел од истрагата за случајот на Салах Абу Набур, француско-сириски државјанин, кој беше убиен на 7 јуни 2017 година во бомбардирање во Сирија, наведува агенцијата.

Ова е втора потерница за поранешниот сириски водач издадена од француски судии, а доаѓа откако бунтовничките сили предводени од исламистичката организација Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) го соборија Асад од власт на почетокот на декември 2024 година.

Слични содржини