Францускиот автомобилски гигант постигна раст на продажбата од 1,9% поради побарувачката за хибриди

од Vladimir Zorba
575 прегледи

Француската автомобилска групација Renault денеска објави дека во првите шест месеци од 2024 година забележала раст од 1,9 отсто во продажбата на годишно ниво на 1.154.700 возила, особено благодарение на силниот раст на продажбата на хибридни возила од 59,6 отсто на годишно ниво и добра продажба на клучниот пазар во Европа.

Обемот на продажба на групацијата Renault е приближно на нивото од првата половина на 2021 и 2023 година, пренесува француски „Фигаро“. Електричните автомобили на батерии претставуваат речиси 12 проценти од продажбата на Renault, а овој удел се очекува да се зголеми во втората половина од годината кога ќе бидат претставени електричните модели на брендовите Scenic и R5.

Асоцијацијата на европски производители на автомобили (ACEA) денеска објави дека бројот на нови регистрирани автомобили во ЕУ се зголемил за 4,5 отсто на годишно ниво во првите шест месеци од 2024 година на речиси 5,7 милиони возила. Во првата половина од годинава во Европската унија се регистрирани 712.637 нови електрични возила на батерии, што е за 1,3 отсто повеќе во однос на истиот период лани.

Слични содржини