Францускиот министер за економија со своето возило удри велосипедист во Париз

од Vladimir Zorba
182 прегледи

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, кој управувал со својот автомобил, удрил во велосипедист кој поминал на црвено синоќа во Париз, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на полицијата и придружбата на министерот.

Инцидентот се случил во петокот по 19 часот и 30 минути кога Ле Мер излегувал од министерството за да си оди дома со автомобил.

Велосипедистот ги повредил аркадата и веѓата, а можно е да има и други повреди на главата.

Весникот „Депеш“ на својата веб-страница објави дека Ле Мер ги чекал пожарникарите и брзата помош покрај повредениот велосипедист. Самиот министер не е повреден.

Ле Мер, како и „другите граѓани“ бил подложен на алкотест и наркотест, чии резултати биле негативни, објави неговата околина.

Слични содржини