Францускиот Сенат ја одобри пензиската реформа за која се залагаше Макрон

од Stefanija Kuzmanovska
160 прегледи

Горниот дом на францускиот парламент, Сенатот, ја одобри контроверзната пензиска реформа, со која, меѓу другото, се предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Националното собрание попладне ќе гласа за предлогот за компромисна реформа. Потврда за реформата таму не е толку сигурна.

Сенатот го одобри компромисниот текст, кој во средата беше договорен од комисија составена од сенатори и пратеници, со 193 гласа „за“, 114 „против“ и 38 сенатори воздржани од гласањето.

Народното собрание попладне ќе гласа за предлогот за реформи. За разлика од Сенатот, во кој доминираат конзервативците, одобрувањето на реформата во Собранието не е толку сигурно, бидејќи владата на претседателот Емануел Макрон нема апсолутно мнозинство во него. Тој смета на гласовите на конзервативните републиканци, чија пратеничка група е поделена околу поддршката за реформите.

Во спротивно, владата би можела да ја изгласа реформата со заобиколување на парламентот, користејќи го контроверзниот уставен инструмент познат како член 49/3, што засега нема намера да го прави.

Слични содржини