254
За прв пат во Франкфурт, Германија, улиците се украсени и осветлени со украси специјално подготвени за Рамазан, светиот месец на муслиманите, пренесува Анадолија.
Улиците се осветлени со полумесечини, ѕвезди и натписи „Среќен Рамазан“ по повод почетокот на светиот месец Рамазан. Улиците ќе бидат украсени до 10 април кога е Рамазан.
Градот Франкфурт ги купи инсталациите во странство, по примерот на Лондон, кој минатата година украси дел од градот со осветлување во духот на месецот Рамазан.
Во овој германски град живеат околу 150.000 муслимани, што сочинува речиси 15 отсто од вкупното население.