Франција ќе им додели државјанство на сите имигранти кои работат на работни места од витално значење, потврдено е од Министерството за внатрешни работи на Франција, кое ги покани сите странци со престој, работни дозволи кои учествувале во борбата против Ковид-19, да се пријават.
Имигрантите ангажирани на анти-ковид фронтот, првенствено медицинскиот персонал, чистачите и трговците, биле повеќе изложени на вирусот од другите и многумина плаќале со својот живот за својата работа за време на пандемијата.
Франција е меѓу 10-те најпогодени земји со повеќе од 2,5 милиони потврдени случаи на инфекција и скоро 62 илјади смртни случаи.
Иницијативата за забрзано стекнување државјанство првпат се појави во септември, досега 74 лица веќе добија француско државјанство, а уште 693 се во завршна фаза на управната постапка.
Досега вкупно 2.890 лица се пријавиле за забрзан процес на добивање француско државјанство.