191
Франција воведе нови анти-епидемиски рестрикции на границите и повторно избегна воведување локдаун на целата територија.
Забрането е секое несуштинско патување од земјите надвор од ЕУ, додека од граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува BBC.
Премиерот на Франција, Жан Кастекс, најави построго спроведување на полицискиот час и затворање на големите трговски центри, но овие мерки се сметаат за умерени и поволни за економијата.
Сепак, некои лекари сметаат дека ова нема да биде доволно за да се запре бранот на ширење на коронавирусот во Франција.