Француската амбасада во Украина е префрлена од Киев во Лвов на запад, поради ризици и закани во главниот град по почетокот на руската инвазија на таа земја, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан.
„Одлучивме, на барање на претседателот на Републиката, да ја преселиме амбасадата што досега беше во Киев. Поради ризиците и заканите што го преплавија главниот град на Украина, амбасадата се преместува во Лвов“, изјави Ле Дријан за француската онлајн телевизија BFMTV.
Пред Франција, САД, Канада и Израел одлучија да ги преселат своите амбасади во Лавов.
„Амбасадорот останува во Украина, да биде поддршка и за нашите граѓани и за украинските власти“, додаде Ле Дриан, наведувајќи дека во Украина има околу 1.000 Французи.