Франција: Повеќе од 1.000 казни за нелегалната техно-забава за Нова година

од Nikola Popovski
277 прегледи

Уапсени се пет лица, а над 1.000 лица се казнети за учество во нелегалната техно-забава во внатрешноста на Франција, која заврши во саботата, објавија локалните власти.

Повеќе од 2.500 лица присуствувале на нелегалната забава во регионот Бретања во Франција, и покрај ограничувачките мерки воведени од владата и полицискиот час, објави Си-Ен-Ен.

Околу 1.600 казни беа напишани во саботата веднаш по забавата, која започна во четвртокот, откри министерот за внатрешни работи, Жерал Дарманен.

За забавата беа користени камиони, големи звучници и генератори на електрична енергија, кои полицајците ги запленија и рекоа дека „ќе продолжат да истражуваат и да проверуваат за ваков незаконски настан да биде строго казнет“.

Не беа напишани сите казни за кршење на ограничувачките мерки, во Ил-е-Вилан, 800 беа поради непочитување на мерките поради Ковид-19, а 400 од други причини, рече Емануел Бертје, шеф на тој округ.

Околу 20 возила, вклучително и камиони, кои носеле звучници и мешалки, успеале да го заобиколат полицискиот блок.

„Постои официјална, судска истрага што ќе ни овозможи да ги идентификуваме сторителите и да ги уапсиме“, рече полицискиот генерал Пјер Соверграњ.

Кога полицијата дошла за да стави крај на забавата, се соочила со насилен одговор, па затоа едно возило било запалено, другите биле оштетени, а членовите на законот биле нападнати со шишиња во камења, а имало и неколкумина повредени.

Локалните власти соопштија дека на забавата имало околу 2.500 млади луѓе, кои доаѓале од различни делови на Франција и странство, и покрај полицискиот час од 20.00 до 6.00 часот.

Слични содржини