Франција: Работите меѓу Бугарија и С. Македонија почнуваат малку по малку да се средуваат

од Берта Китинска
155 прегледи

Средбата на премиерите на Бугарија и Северна Македонија Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Софија предизвика реакции кај меѓународните политичари и медиумите, објави БГНЕС.

Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ив Ле Дријан на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го опиша вака текот на односите меѓу двете земји: „Колку што знам, работите почнуваат малку по малку да се средуваат. Посетата на новиот бугарски премиер на Скопје помага за деблокирање, декларациите се во вистинска насока. Се надевам дека започнатата иницијатива ќе најде конкретен израз за да можеме да свикаме меѓувладина конференција под наше претседателство или, најдоцна, под чешкото претседателство. Но, досегашниот тек на настаните изгледа добро“.

Според Еуроњуз, „се обновуваат надежите за поблиски врски меѓу двете нови влади“.
Медиумот го пренесуваше пречекот на Петков на Ковачевски во понеделникот на плоштадот Александар Невски, каде двајцата шефови на влади положија венци на Споменикот на непознатиот војник и на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј.

„За само една недела, ова е втор значаен настан за подобрување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Премиерите се согласија да ги засилат напорите за подобрување на врските за време на посетата на Петков на Скопје на 18-ти јануари“, објави Еуроњуз.

„Средба меѓу Бугарија и Северна Македонија за зајакнување на врските и намалување на тензиите“, е насловот на публикацијата во „Дејли Мејл“. Владите на Бугарија и Северна Македонија ја потврдија својата решителност во Софија да ги решат споровите со продолжување на дијалогот, ставајќи ги добрососедските односи во центарот на нивните напори“, пишуваат од англиското издание