Проксима Б е на 4,2 светлосни години од Сончевиот систем.

Најблиската до Земјата позната екстрасоларна планета Проксима Б може да има океан на површината, соопшти АФП, повикувајќи се на француски астрономи.
Планетата Проксима Б е на 4,2 светлосни години од Сончевиот систем (40 трилиони километри).
Таа орбитира околу црвеното џуџе Проксима Кентауер која е најблиску до Сончевиот систем. Планетата во својата орбитална зона, може да има течна вода на површината – потребна за живот, како услов.
Поради блискоста Проксима Б може да стане првата екстрасоларна планета до која може да биде испратен вселенски апарат.
Проксима Б, која е приближно 1,3 пати помасивна од Земјата, орбитира многу блиску до централната ѕвезда отколку нашата планета околу Сонцето, таа ја обиколува за 11,2 дена. Според експертите Проксима Б е карпеста планета како Земјата.