Советникот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, Жерар Ару, изјавил дека укинувањето на визите за граѓаните на Косово е сон и дека тоа нема да се случи ниту во 2022 година.
Имено, поранешниот претставник на Приштина во Франција, Бернард Никај, најпрво на Твитер објави дека се надева дека Франција ќе ги укине визите за граѓаните на Косово во 2022 година, но Ару одговори дека „сонува“.
Then that is indeed unfortunate. Not only for #Kosovo but also for #EU and its relations with #WesternBalkans. However, I am hopeful that French presidency of the EU Council in 2022 will find courage and leadership to deliver on visas.
— Bernard Nikaj (@nikaj) May 23, 2021
„Во годината кога се одржуваат претседателските и законодавните избори? Вие сонувате“, одговорил Ару.
Оваа дискусија, потсетува порталот „Косово онлајн“, следеше по реакцијата на Ару на изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, дека е одложено укинување на визите за граѓаните на Косово.